И вториот пациент, кој беше примен на Инфективната клиника во Скопје, нема коронавирус. Станува збор за патник кој по шестдневен престој во Дубаи пристигнал во земјава.
Веста дека испитувањата за коронавирус и на овој пациент се негативни, попладнево на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Патникот има грип или, како што кажа Филипче, инфлуенца тип Б.
Претходниот ваков случај, кај патник од Италија, кој вчера сам се пријавил на испитувања, исто така, се покажа дека нема коронавирус.
Филипче на попладневната прес-конференција информираше и за владините заклучоци и мерки за коронавирусот и апелираше да се почитуваат препораките.