Минатата недела повеќе од 2 000 војници на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија, почнаа да се повлекуваат од Казахстан, а претходно беа повикани за да помогнат во стабилизирањето на состојбата поради немирите
Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време, односно 20 часот по средноевропско време.
Казахстанските власти соопштија оти повторно е воспоставен ред и мир во сите региони, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс.
Црвениот аларм сè уште е на сила во најголемиот град Алмати, каде што продолжуваат антитерористичките операции.
Минатата недела повеќе од 2 000 војници на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија, почнаа да се повлекуваат од Казахстан, а претходно беа повикани за да помогнат во стабилизирањето на состојбата поради немирите.
Немирите започнаа на 5 јануари, по што претседателот Касим Јомарт Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја до 19 јануари на полноќ и полициски час.
По стабилизирањето на ситуацијата, властите од 12 јанаури почнаа постепено да ја укинаат вонредната состојба во одредени области од земјата.
Протестите почнаа на 2 јануари во западен Казахстан поради наглото зголемување на цените на горивото. Брзо потоа се проширија низ целата земја и ескалираа во демонстрации против авторитарната влада, проследени со немири во кои загинаа над 220 лица.