Според бугарскиот премиер, 25 јануари не е потврден датум, но е добар предлог за одржување заедничка седница на двете влади
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој утре во Скопје доаѓа со иницијатива за формирање пет работни групи, предлага тие да се среќаваат еднаш месечно, со тоа што секоја недела би заседавала барем една од групите. Во интервју за „360 степени“, емитувано вечерва на ТВ Алсат, Петков изрази надеж за брз напредок во дијалогот.
„Многу се надевам дека ќе направиме многу добар почеток на дијалогот со вашата влада. Со Димитар Ковачевски веќе телефонски разговаравме и јас сакам да покажам со брзото доаѓање по неговата нова улога, дека ќе имаме пристап на дијалог и конструктивност за кој се надевам дека ќе донесе и брзи резултати. Се надевам дека како реални резултати ќе ги договориме групите кои ќе се среќаваат во областите економија, инфраструктура, култура, евроинтеграции и историја, да направиме многу добар и јасен план за тоа колку често тие ќе се среќаваат, јас дури би предложил да се среќаваат еднаш месечно и би се радувал да не биде одеднаш, туку да имаме по една средба секоја недела и со тоа да направиме интензивен план на средби, се надевам, со многу брз напредок за сите теми“,
рече Петков во интервјуто.
Според него, 25 јануари не е потврден датум, но е добар предлог за одржување заедничка седница на двете влади.
„Да, со задоволство, ние немаме време за губење и од таа гледна точка, не сум разговарал со Димитар Ковачевски за точно кој датум да биде, но мене тоа ми звучи како многу добар оперативен план. Немаме време за губење – 25 јануари, зошто да не“,
одговори бугарскиот премиер.
Повеќе вести од интервјуто на Петков за „360 степени“:
Сакаме Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи, вели Кирил Петков
Кој е ставот на Кирил Петков за идентитетско-јазичните прашања?
Не ни требаат посредници, сами ќе ги решиме отворените прашања, вели бугарскиот премиер
Петков: Искрено сакам да почнете преговори со ЕУ, тајмингот зависи од напредокот во дијалогот
Целото интервју со Петков можете да го погледнете/прочитате на линкот во продолжение: