Програмата што ја поставив и се надевам дека ќе ја реализираме заедно, е во следните шест месеци работните групи навистина да се среќаваат еднаш месечно. Врз основа на резултатите, се надевам, ќе можеме да напредуваме по важната тема за Република Северна Македонија максимално брзо, вели бугарскиот премиер на прашањето дали и кога би можело да биде кренато ветото за земјава во ЕУ
Мој вистински и искрен стремеж е Република Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ во најбрз можен рок, а тој целосно зависи од тоа каков успех ќе постигнеме заедно, порачува бугарскиот премиер, Кирил Петков, во интервју за „360 степени“ непосредно пред неговата посета на Скопје.
На прашањето – дали се уште верува дека до јуни е можен пробив, во контекст на неговите први изјави во кои зборуваше за шестмесечен рок во кој работните групи би добиле шанса да постигнат резултат, на што му реплицираше претседателот Радев дека не треба да се зборува за рокови туку за реални резултати (а таков е и заклучокот од советот за безбедност), Петков одговори:
„Она што е најважно да се каже е дека зависи од успесите што ќе ги постигнеме. Ако успееме да постигнеме реални успеси за сите прашања што си ги поставуваме едни на други и ги решиме на најконструктивен начин, тоа ќе го определи крајниот рок во кој ќе можеме заедно да поминеме во следната фаза што сакам да декларирам дека е мој вистински и искрен стремеж – тоа да се случи и тоа во најбрзиот рок. Но, тој рок целосно е функција од тоа каков успех ќе постигнеме заедно. Мислам дека тоа е најискрениот и вистински одговор за да можеме да имаме јасна претстава дека е прашање на заеднички напори, а не прашање на датуми од календар. Зашто, ако сме многу успешни, тие датуми се поблиску, ако имаме проблеми што нема да успееме да ги решиме, тоа станува проблем. Генерално, програмата што ја поставив и се надевам дека ќе ја реализираме заедно, е во следните шест месеци работните групи навистина да се среќаваат еднаш месечно, тие се пет што значи дека секоја недела отсега па во следните шест месеци очекувам да имаме програма за средби. Врз основа на резултатите, се надевам, ќе можеме да напредуваме по важната тема за Република Северна Македонија – максимално брзо.“
Повеќе вести од интервјуто на Петков за „360 степени“:
Петков очекува секоја недела да заседава некоја од петте работни групи
Сакаме Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи, вели Кирил Петков
Кој е ставот на Кирил Петков за идентитетско-јазичните прашања?
Не ни требаат посредници, сами ќе ги решиме отворените прашања, вели бугарскиот премиер
Целото интервју со Петков можете да го погледнете/прочитате на линкот во продолжение: