Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, смета дека координацијата со европските партнери е добра работа, но и дека Северна Македониј и Бугарија сами треба да си ги решат отворените прашања. Ова е неговиот одговор во интервјуто за „360 степени“ на прашањето – дали ќе биде потребна странска помош, во контекст на понудата од францускиот претседател Емануел Макрон за олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје.
„Знаете ли што се надевам и тоа е многу важно да се каже, јас сум сигурен дека и властите во Република Северна Македонија ќе го разберат и ќе го поддржат – време е ние заедно да ги решиме тие прашања. И ние како две добрососедски држави кои имаат почит една кон друга, треба да можеме да го направиме без ничија друга помош. Мислам дека со политичката култура и спремноста да имаме добрососедство и конструктивност во сите теми, не ни требаат посредници. Треба ние да си ја завршиме работата и на тој начин секој од нас ќе биде многу поубеден кога знаеме дека тоа е резултат на нашите напори меѓу двете страни. Предлагам отсега натаму… да, ние сме веќе дел од европското семејство, вие ќе влезете во тоа семејство во иднина – да, координацијата со нашите европски партнери е секогаш добра, но за решавањето на проблемите ние треба да сметаме на работата меѓу двете наши држави. Нема смисла да внесуваме посредници, ние најдобро си ги разбираме проблемите и ние имаме најголема полза од нивно решавање. Така што, од таа гледна точка, го нагласувам фактот дека сме способни како две држави директно да најдеме решенија за прашањата важни за нас“,
вели Петков во интервјуто.
Повеќе вести од интервјуто на Петков за „360 степени“:
Петков очекува секоја недела да заседава некоја од петте работни групи
Сакаме Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи, вели Кирил Петков
Кој е ставот на Кирил Петков за идентитетско-јазичните прашања?
Петков: Искрено сакам да почнете преговори со ЕУ, тајмингот зависи од напредокот во дијалогот
Целото интервју со Петков можете да го погледнете/прочитате на линкот во продолжение: