Бугарскиот премиер, Кирил Петков, во интервјуто за „360 степени“, одговара и на прашањето – што конкретно се очекува од Република Северна Македонија на планот на правата на Бугарите во земјава.
„Важни се две работи. Првата, Бугарите во Северна Македонија да имаат рамноправни права со другите конститутивни народи, тоа е важно да се каже. И се разбира, не само за тоа, туку како принцип, да сме сигурни дека ќе нема јазик на омраза, дискриминација и ќе нема занемарување на човековите права за сите граѓани во Република Северна Македонија. Со други зборови, ние сакаме да сме сигурни, а јас мислам дека тоа е добро и за Република Северна Македонија и за Бугарија, дека сите права на Бугарите во Република Северна Македонија како и на останатите заедници, се еднакви, а се еднакви и пред законот“,
вели Петков.
Бугарскиот премиер смета дека „тоа не е мешање кај вас, тоа е општо европски…“.
„Мислам дека и Република Северна Македонија тоа би требало да го постави на високо ниво. За сите граѓани на ЕУ тоа треба да е факт. Така што, од таа гледна точка, сакам многу јасно да кажам дека се радувам дека пред толку години ја признавме Република Северна Македонија како независна држава со сите права кои една независна држава треба да ги има. Прашањето овде е да сме сигурни дека недозволуваме некакви националистички расположенија да бидат повод за дискриминирање“,
одговара бугарскиот премиер.
Повеќе вести од интервјуто на Петков за „360 степени“:
Петков очекува секоја недела да заседава некоја од петте работни групи
Кој е ставот на Кирил Петков за идентитетско-јазичните прашања?
Не ни требаат посредници, сами ќе ги решиме отворените прашања, вели бугарскиот премиер
Петков: Искрено сакам да почнете преговори со ЕУ, тајмингот зависи од напредокот во дијалогот
Целото интервју со Петков можете да го погледнете/прочитате на линкот во продолжение: