Претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша Указот на Законот за легализација на дивоградби, бидејќи го оценува како неуставен и спротивен на владеењето на правото и правната држава
Сега Собранието има рок од триесетина дена за да го донесе повторно Законот за легализација на бесправно изградени објекти, со најмалку 61 глас, или евентуално амандмански да интервенира во членовите за кои Пендаровски има забелешки. Ако Законот биде донесен повторно, Пендаровски би бил обврзан да го потпише
Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава. Мора да носиме одлуки, решенија на проблемите кои се генерациски, кои некој ни ги остави. Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решавање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка, изјави денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.
Николовски рече дека сега слуша оти шефот на државата не го потпишал Указот. Рече дека неговата партија никогаш нема да биде за уривање на овие објекти и ќе одлучува во интерес на ранливите категории и тоа, како што рече, низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите.
„Кога претседателот нема да го потпише, се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска, и секако дека сите забелешки во секој поглед треба да бидат земени предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија“,
изјави Николовски пред вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, каде што ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот.
Претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша Указот на Законот за легализација на дивоградби, бидејќи го оценува како неуставен и спротивен на владеењето на правото и правната држава. Во образложението испратено до претседателот на Собранието, Пендаровски наведува дека Законот ги нарушува темелните вредности и поттикнува на непочитување на законите.
Сега Собранието има рок од триесетина дена за да го донесе повторно Законот за легализација нa бесправно изградени објекти, со најмалку 61 глас, или евентуално амандмански да интервенира во членовите за кои Пендаровски има забелешки. Ако Законот биде донесен повторно, Пендаровски би бил обврзан да го потпише.