Претседателот на Руската Федерација, кој денеска имаше телевизиско обраќање, оцени дека изборите кои се одржаа од 18 до 20 септември претставуваат тест за јавната поддршка за четири и полгодишната војна во Украина, како и за неговата решеност да ги продолжи воените активности додека не се постигнат клучните воени цели
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека високата излезеност на парламентарните избори во Русија минатиот викенд е знак дека Русите ги поддржуваат своите вооружени сили во борбата против Украина, како и напорите на властите за заштита на националната безбедност.

Претседателот на Руската Федерација, кој денеска имаше телевизиско обраќање, оцени дека изборите кои се одржаа од 18 до 20 септември претставуваат тест за јавната поддршка за четири и полгодишната војна во Украина, како и за неговата решеност да ги продолжи воените активности додека не се постигнат клучните воени цели.
„Толку големиот, па дури и рекорден број луѓе што излегоа да гласаат покажува дека народот на Русија ги поддржува нашите напори насочени кон зајакнување на земјата“,
изјави Путин коментирајќи ги резултатите од изборите.
Во дел од своето обраќање, тој директно им се обрати на војниците на фронтот:
„Луѓето веруваат во вас, веруваат во нашата победа, веруваат во вашата храброст и во вашето херојство.“
Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезеноста на парламентарните избори одржани од 18 до 20 септември изнесувала 59,3 отсто што, според извештаите на локалните медиуми, е повисока во однос на повеќето претходни избори за Државната дума, долниот дом на парламентот. Партијата Единствена Русија, која го поддржува Путин, ќе добие рекордни 355 места од 450 во Думата откако освои повеќе од 57 отсто од гласовите.
