При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземано оружје, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на извори во Обвинителството.
Според весникот, станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага.
По наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вчера се вршеа претреси во рамки на истрагата за случајот „Плацовите на Водно“.
Претресите беа на локација во близина на МВР, во стан на експремиерот Никола Груевски, кој е првоосомничен за купувањето на атрактивните парцели со партиски пари.
За овој случај, републичкиот обвинител Љубомир Јовески во јавните настапи најавуваше дека истрагата ќе се проширува и за други недвижности.