Состојбата со ковид-19 на Балканот и централна Европа е посебно загрижувачка во моментов, бидејќи бројот на новозаразени расте трета недела по ред, соопшти денеска регионалната директорка на Светската здравствена организација за вонредни ситуации во Европа, Кетрин Смолвуд.
„Особено сме загрижени поради епидемиолошката состојба на Балканот, како и во многу земји од централна Европа“,
рече Смолвуд.
Таа додава дека бројките на хоспитализирани поради ковид-19 во регионов се меѓу највисоките во светот.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека бројот на новозаразени се зголемува три недели по ред.
„Бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 денеска е поголем во споредба со минатата година во истиот период, а тоа зборува за широката распространетост на вирусот“,
вели Клуге.
Според податоците на СЗО, повеќе од 21 000 лица починале од компликации со ковид-19 во земјите низ Европа.
