Починатите се на возраст од 49 до 90 години, и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице има во Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево
Во последните 24 часа 24 лица починаа во земјава како последица од ковид, додека бројката на новозаразени скокна на 1 300, за разлика од вчерашните 999.
Починатите се на возраст од 49 до 90 години, и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато има во Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.
Новозаразените 1 293 лица се регистрирани од направени 4 094 тестирања. Половина од овие случаи се во Скопје– 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип – 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти од: Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово – по 1 лице.
Направени се 4.094 тестови преку: ИЈЗ-978, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-4, УК Пулмологија со алергологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-330, Биотек-374, Систина-349, лабораторија Лаор–318, Синлаб-88, Ремедика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.281.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115 222, бројката на оздравени пациенти е 99 015, на починати е 3 388, а бројот на активни случаи изнесува 12 819.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 51090, активни 6333
Прилеп 6254, активни 866
Куманово 6058, активни 437
Тетово 5863, активни 396
Гостивар 4137, активни 333
Кавадарци 3954, активни 684
Штип 3885, активни 228
Велес 3842, активни 365
Битола 3802, активни 364
Охрид 3655, активни 488
Струмица 2962, активни 232
Струга 2538, активни 169
Кочани 2014, активни 170
Кичево 1845, активни 64
Неготино 1654, активни 437
Гевгелија 1532, активни 300
Свети Николе 1156, активни 43
Крива Паланка 989, активни 136
Ресен 899, активни 100
Дебар 807, активни 13
Радовиш 802, активни 58
Делчево 780, активни 58
Берово 721, активни 70
Пробиштип 609, активни 56
Виница 543, активни 22
Валандово 428, активни 56
Крушево 387, активни 119
Богданци 350, активни 63
Кратово 303, активни 22
Демир Хисар 303, активни 38
Демир Капија 302, активни 69
Македонски Брод 261, активни 9
Пехчево 201, активни 13
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 102, активни 6