Откако ќе влезат во Кина, патниците треба да се придржуваат до соодветни правила за карантин и мониторинг
Кина денеска соопшти дека го поедноставува визниот процес за странските државјани кои се имунизирани со една од кинеските вакцини против ковид-19, правејќи чекор кон нормализирање на меѓународните патувања.
„Вакцинираните патници кои авионски пристигнуваат во Кина и натаму ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус, како што налагаат актуелните правила“,
изјавил портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, како што пренесува МИА.
Портпаролот потенцира дека „патниците, откако ќе влезат во Кина, треба да се придржуваат до соодветните правила за карантин и мониторинг“, додавајќи дека земјата е подготвена да се согласи на взаемно признавање на сертификатите за вакцинација со други земји.
Кина во саботата од Хонг Конг го најави процесот на издавање визи за вакцинираните странци кои влегуваат на нејзина територија.
Кина главно ја извезува својата вакцина во трети земји, што ги принуди САД, Австралија, Јапонија и Индија да почнат со дистрибуција на вакцината во азиските земји.