По речиси три часа откако се пријави и беше задржан во Обвинителството за организиран криминал, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, со полициско возило беше однесен во куќен притвор – мерка што му ја одреди Основниот кривичен суд – Скопје, по барањето на Обвинителството за ефективен притвор.
Попладнево, околу 17 часот, Мијалков сам се појави во Обвинителството за организиран криминал, откако два дена беше недостапен за органите на прогонот, а откако му беше одреден домашен притвор пред пресудата за „Таргет- Тврдина“.