Во новото издание на „360 степени“:
– Интервју со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи
– Нова Саботажа
Во новото издание на „360 степени“:
– Интервју со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи
– Нова Саботажа
Ученици од тетовско средно стручно училиште одат на практична настава. Тие се од прехранбена насока и во оваа компанија во Џепчиште учат како се произведува брашно. Нивното училиштето соработува со повеќе фирми во кои учениците одат на пракса.
„Реализирањето на праксата во последниве пет години претрпува промени. Наместо посетите што се реализираа во компаниите, се обидуваме, според законот за средно стручно образование, да се реализира во конкретни работни места“, вели директорот на ССУ „Ѓоце Стојчески Амбарче“ – Тетово, Абаз Абази.
Сопственикот на компанијата Рамадан Вејсели се обидува да им го објасни процесот на производство – од истовар на пченицата, преку мелење, се до пакување на брашното.
Ова менторирање за Вејсели е едноставно зашто овој пат има само неколку ученици. Раскажува дека понекогаш доаѓаат неколку десеттици одеднаш, а времето е прекратко за нешто да научат.
„Често има училишта кои учениците ни ги носат на посета еднаш годишно, ќе ни донесат три или четири одделенија, триесет до четириесет ученици не посетуваат само за да видат како се меле пченица. И колку можат од тоа да сфатат? Јас имам искуство од западните земји зашто лично сум работел таму. Во областа производство на храна, таму, од пет дена, три до четири им се пракса. Четири години колку што трае школувањето на запад, од пет дена неделно, три до четири дена имаат пракса. Затоа, по четири години ученикот е оспособен кога ќе заврши да добие диплома и да раководи мелница, бидејќи е дипломиран во оваа насока, има и теорија и пракса. За жал кај нас тоа не е случај“, раскажува Вејсели.
Овие ученици четири дена во неделата имаат часови во училиште, а еден ден е резервиран за да се обидат практично да го применат наученото.
„Има потреба од повеќе пракса бидејќе е потребно за нашата насока и за другите насоки, за да научиме повеќе нешта“, смета средношколката Ениса Шефкиу.
„Не може со еден ден пракса да сработиш нешто и да научиш да работиш во голема фабрика. Треба повеќе, барем три – четири дена да има пракса за да постигнеш нешто. Со малку – не. Треба повеќе,“ смета средношколецот Бујар Бајрами.
Дека македонското образование не продуцира квалитетни кадри, соодветни на потребите на бизнисот, потврдуваат во невладината Агенција за поддршка на мали и средни претпријатија „ЕСА“. Анализирајќи го пазарот на трудот, утврдиле дека комапниите мораат самите да ги обучуваат идните вработени.
„Бизнисмените, во недостиг на соодветни кадри со практични вештини и способности, немаат време за чекање бидејќи имаат нарачки и обврски. Ако нивниот бизнис има тренд на пораст, имаат и потреба од дополнителен кадар. Затоа, самоиницијативно ангажираат нивни луѓе да оспособат одреден број нововработени со одредени вештини и способности за кои имаат потреба. Но, знаат дека дел од нив ќе си заминат, нема да останат во компанијата за секогаш, па обучуваат поголем број лица со цел во компанијата да остане потребниот број“, изјави Неби Јусуфи од агенцијата „ЕСА“.
Квалитетот на практичната настава во високото образование го истражувале група студенти од Скопје. Деа Здравковска и нејзиниот колега Петар Барлаковски интервјуирале студенти и сопственици на компании. И само го потврдиле сознанието дека праксата на студентите главно се сведува на „праќање по бурек“.
„Во едно интервју буквално имаше напишано „сакаме кога студентите ќе одат по бурек“. Генерално, кога одиме на факултет, кога некој ќе каже еве бев на пракса, навистина праксата е проформа и за студентите што биле на пракса не знаеме колку точно навистина имало процес на евалуација во кој студентот може во дневник да напише што точно правел на пракса заедно со менторот. Меѓутоа, има и компании кои ова многу правно го имаат обезбедено. Приватните компании и фирми си имаат посебен ментор, си има дневник и си има ментор и менторот ќе му даде посебна оценка. Друг проблем кој студентите го увидуваат е дека тоа што го учат на факултет не се применува во пракса, односно теоријата не е применлива во практичната настава“, тврди Здравковска.
Истражувањето покажало и дека голем дел од студентите, иако формално добиваат дипломи, не понесуваат знаење и вештини со кои би биле конкуретни на пазарот на трудот.
„Кога ќе дојдат на пракса студентите буквално почнуваат од нула, како да не учеле никогаш факултет. Бидејќи доста од коментарите беа дека студентите немаат основни познавања од правопис, од комуникациски вештини, не знаат како да се однесуваат на работа, доцнат на работа, значи зборуваме за елементарни работи кои во секоја работа и сфера ќе се најдат. Да не зборуваме за по ситни детали кои што ќе направат тој студент да се истакне од другите што се на пракса“, додава Здравковска.
Истражувањето има и други интересни податоци: 80 проценти од студентите самите се снашле за да најдат компанија во која ќе одат на пракса, a на останатите 20 отсто им нашол факултетот или им понудила компанија. 76 отсто оделе на пракса во приватни фирми, а државните институции биле позатворени, па кај нив биле 24 проценти од студентите. Само 26 проценти од студентите добиле ментор од факултетот.
„Во нашето истражување дознавме дека секој четврти студент нема извршено студентска пракса и покрај тоа што голем процент, дури 98 проценти од нив сметаат дека праксата треба да биде задолжителна. Но, вината повторно ја лоцираме кај самите факултети зашто на крајот од денот факултетите се оние што мора да увидат дали конкретниот студент кога ја упишува втората година од своите студии има остварено студентска пракса. Министерството за образование и наука во 2011 година има донесено правилник во кој стои дека студентската пракса треба да биде задолжителна. Кога студент треба да запише втора година, референтите на самиот факултет треба да проверат дали тој студент има остварено пракса, но за жал видовме дека студентите можат да најдат механизам, односно начин да го запишат својот семестар без реализирање студентска пракса“, објаснува Барлаковски.
Томислав Зографски е менаџер на ИТ компанија од Скопје. Студентите кои се заинтересирани за пракса овде ги примаат откако ќе им направат кратко интервју. Така оценуваат кој од нив е заинтересиран да научи и работи, а кој сака само потпис. На оние што ќе поминат им се обезбедуваат услови и ментор кој ќе работи со нив. Најдобрите студенти ги задржуваат.
„Генерално, ако барате мое мислење, сметам дека не доволно се спремни студентите за да преминат од академскиот во реалниот свет. Не знаат. Да почнеме од економија, имаме и кадри економисти, теоретски знаат што е ДДВ и како функционира, а не знаат да пресметаат 18% ДДВ. Такви банални работи, како пример ги кажувам. Правници од правен факултет, тазе дипломирани, не стапнале никогаш во судница, ниту еден час не поминале да видат како изгледа процесот на судење. Мислам дека не е добро генерално и треба да се работи на тоа. Меѓутоа, тоа не треба да се остави само на државата или само на факултетите, треба и студентите да го бараат тоа, имаат сега и органи, студентски парламент, можат да го побараат тоа. Меѓутоа, едноставно, нема иницијатива, 80% од студентите се пасивни, чекаат. Остатокот се многу активни и тие се тие кои доаѓаат овде кај нас“, вели Зографски.
Тој смета дека концептот „праќање по бурек“ не носи придобивки никому, а најмалку на самата компанија.
„Нема компанијата бенефит ако имам тука некој што ќе ми прави кафе и ќе оди по бурек. Тука јас сам си го правам кафето, не барам некој од вработените да ми го прави кафето. Имањето практикант не значи да го оставиш да не прави ништо цел ден. Сакам да кажам трошиме и наше време и ако имаме некој што така седи не гледам поента зошто некој би седел ради реда за да земе потпис дека бил на пракса и да шири култура дека може да се седи и ништо да не прави. Тоа апсолутно не доаѓа во предвид“, додава Зографски.
За професорот на Штуловиот универзитет, академик Абдулменаф Беџети, проблемот го создале многуте различни политики и стратегии во изминатиот период. Учениците и студентите со закон се обврзани да одат на пракса, но не се водело сметка како ќе се реализира тоа.
„Ако имаме во предвид дека во државата имаме 20 илјади студенти, замислете овие 20 – 25 илјади луѓе да ги однесете во институции или во бизнис секторот за да практикуваат. Каква можност да научат имаат тие? Сте ставиле норма во законот која е само товар и нема никаква можност за реализација. Каде е тука абсорбционата сила на стопанството за да им се даде работа на овие практиканти. Приватните компании ќе ги прифатат студентите, но нема да им дадат пристап до работата, може само да ги праќаат по бурек или да фотокопираат нешто, па дури и за тоа не ги ангажираат. Државните институции, пак, немаат толкав капацитет да примат толку студенти. Тие немаат место за нивните вработени, а камоли да му најдат работа на практикантот – студент“, објаснува Беџети.
Според него, државата треба да ги мотивира само студентите кои ќе се определат за оние образовни насоки од кои има недостиг. Така би се зголемил и квалитетот, а би се намалил квантитетот во образованието.
„Државата не прави ништо за да ги селектира овие насоки, од социоекономските, правните, до филолошките науки, па дури и да ги демотивира, да не ги финансира нив. Доколку државата има потреба од сто економисти, сто добри економисти, државата треба да ги мотивира индивидуално, да им го плати образованието само на оние профили, кои ги исполнуваат барањата поставени од државата, значи, врз основа на мерење на учењето, што придобил профилот и колку е способен да биде соодветен за пазарот на трудот, а не да се оценува само дипломата. Ние сме во ситуација каде имаме инфлација на дипломи, имаме масовни студирања, со илјадници дипломи, па ако сакате и во повисоки нивоа во образованието, како што се магистратура, па и докторатите набргу ќе стигнат до ова ниво“, изјави Беџети.
Од кабинетот на новата министерка за образование Рената Дескоска информираа дека проблемот со практичната настава ќе се решава со промени во наставните програми.
„Во новите програми задолжително ќе биде одреден процент на настава да се одвива во компанија т.е. учење преку работа, така што учениците ќе ги развиваат потребните вештини. Несомнено е дека за да се добие готова работна сила потребно е училиштата да се опремат со работилници и лаборатории“, информираа од МОН.
Во очекување на новите програми, на учениците и студентите им останува да бидат амбициозни и упорни, а на работодавачите да живеат поздраво – без бурек и со помалку кафе.
Погледнете ја приказната на „360 степени“ за 11 години поминати во егзил на релација Истанбул-Софија-Подгорица.
Дома беше гонет за непријавени приходи и за незаконско давање согласност за 18 вработувања во струмичката болница. Судовите пресудија дека ги пријавил сите приходи а спорните вработени до ден денес никој не ги избркал од работа.
Надвор изгради успешна кариера на хирург. Полн со гнев поради прогонот но и со желба да се врати во татковината, хирургот Владо Димов првпат јавно пред новинарот Александар Димитриевски реши да ја сподели својата лична, но и семејната драма низ која поминува од 2006 година, кога му заврши министерската функција во владата на Бучковски.
Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалби за одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени предлозите за одредување притвор за обвинети во случаите што ги води СЈО.
Познавачи велат дека скопскиот Апелациски суд би можел да има поинаков однос кон барањата на СЈО, а ставот го темелат на начинот на кој повисокиот суд постапуваше во изминатите неколку месеци.
Универзитетската професорка по кривично процесно право, Гордана Бужаровска-Лажетиќ, не ја исклучува можноста да одговараат и некои од судиите, зашто, вели, попречување на правдата е исто така, кривично дело.
Погледнете го краткото интервју.
Во новото издание на „360 степени“:
– Како помина посетата на Нимиц во Скопје и што може да се очекува понатаму
– Дали Апелација ќе донесе различни одлуки за барањата на СЈО за притвор?
– Полн со гнев поради прогонот, но и со желба да се врати дома. Приказна за 11 години поминати во егзил на Владо Димов – хирург и поранешен министер за здравство.
– Праксата само про-форма. Младите во Македонија неписмени и со ограничени вештини. Како со неспособна работна сила ќе се развива економијата?
– Нова Саботажа
Метју Нимиц, како што и најави од Њујорк, не донесе конкретен предлог за решавање на прашањето за името. Но, како што изјави, од Скопје си заминува охрабрен од она што го слушнал од новата влада. Премиерот му соопштил дека сака интензивен процес, па посредникот би можел веќе од есен да ги зачести средбите со двете страни, па дури и да презентира можни конкретни решенија.
Погледнете ја анализата на „360 степени“, за тоа како помина посетата на Нимиц во Скопје, зошто не отиде во Атина и што понатаму со процесот.
„Матна“ Саботажа , емитувана на 03 јули 2017 година (понеделник) на ТВ Алсат-М во емисијата „360 степени“.
автор: Среќко Поповски
монтажа: Коста А.
by 360степени
Во интервју за „360 Степени“, поранешниот премиер Владо Бучковски, зборуваше за идеите за влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ под привремената референца, па понатамошно решение на проблемот со името.
– Мислам дека на планот за барање заедничко-прифатливо решение не чека долг пат. Прво, треба да се вратиме, а тоа не е возможно во политиката. Во правото ние говориме за „реституцион интегрум“, да се вратиме во поранешната состојба. На крајот на 2005 на средбата што ја имав со Караманлис во Брисел, тој инсистираше ние да не инсистираме да влеземе во НАТО под „Република Македонија“, под нашето уставно име, туку да ја користиме привремената референца – рече Бучковски и потврди дека Караманлис се плашел Македонија да не влезе во НАТО под уставното име.
– Инсистираше, затоа што беше создадена атмосфера кадешто на масата постојано циркулираа нон-пејпери кадешто се говореше за двојна формула, за привремено користење на референцата, повеќе варијанти кадешто во ниту еден момент не беше загрозен македонскиот идентитет. Второ, на 17 декември 2005 кога го добивме статусот кандидат за членство во ЕУ, Грција не посегна по вето иако можеше тоа да го направи, затоа што беше создадена атмосфера околу Македонија, како што чувствувам дека и сега се создава, дека Македонија треба да биде успешна приказна. Искуството говори дека ако во тоа време останеше статус кво ситуацијата до самитот во Букурешт, немаше пречка Република Македонија да биде поканета заедно со Хрватска и Албанија, со двете држави кои ние ги влечевме. Слоганот „Со јато во НАТО“ беше наша измислица, бидејќи реално бевме пред нив. Впрочем, и мојата посета на Белата куќа во октомври 2005, кога ја носев пораката од целата Јадранска група, таа топка за баскет што ја однесов беше потпишана и од тогашните премиери на Албанија и Хрватска, кои не ја добија честа да ја посетат Белата куќа. Но тогаш имаше притисок и од Вашингтон, и од ЕУ каде претседаваше Велика Британија, премиерот Блер исто така беше заинтересиран. Ја имавме поддршката и од Германија и Шредер – рече Бучковски.
Поранешниот премиер рече дека во тоа време се создала приказна околу Македонија каде Грците биле изолирани.
– Сега треба да направиме анализа, објективно да погледнеме што тоа ние згрешивме од 2006 до 2008. Ако се тоа само неколку симболични гестови, со преименување на стадионот, на автопатот, на аеродромот, тоа мислам дека во фаза кога ќе процени актуелната власт треба да се направи како гест на добра волја за да се вратиме во позиција да побараме варијанта да добиеме веројатно покана под привремената референца, но да преземеме обврска, додека трае процесот на ратификација во парламентите на сите држави членки на НАТО ние да го затвориме прашањето. И отприлика тајмингот од едното до другото е година и пол, две – рече Бучковски.
Посредникот на Обединетите нации во преговорите за името, Метју Нимиц, во текот на викендот доаѓа во Скопје каде во недела и понеделник ќе се сретне со државно-владиниот врв. Ова ќе бидат први директни контакти на медијаторот со новите власти во Македонија.
Во пресрет на посетата на регионот, бидејќи од Македонија ќе замине во Грција, посредникот Нимиц даде интервју за „360 степени“.
Слушнете зошто и со што доаѓа Нимиц, за што се преговара во процесот, дали идентитетот на етничките Македонци е предмет на преговори, што мисли за грчкиот аргумент за постоење иредентизам од македонска страна и какви се перспективите за решенија.
©2024 360 степени, Сите права се задржани