Индија соопшти дека погодила девет цели поврзани со терористичка инфраструктура, односно, со нападот на исламистички милитанти врз хинду туристи во Кашмир контролиран од Индија минатиот месец, во кој загинаа 26 лица. Нападот беше наречен операција „Синдор“

Индија синоќа изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, а Исламабад тврди дека соборил пет индиски борбени авиони, во најлошиот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните две децении.
Индија соопшти дека погодила девет цели поврзани со терористичка инфраструктура, односно со нападот на исламистички милитанти врз хинду туристи во Кашмир контролиран од Индија минатиот месец, во кој загинаа 26 лица. Нападот беше наречен операција „Синдор“.
Индиските медиуми известуваат дека името „Синдор“ е референца за синдур, црвен прав што жените во Индија го носат во косата како знак дека се во брак.
Се нанесува на патецот и често е дел од хиндуистичките обичаи и ритуали, особено на свадбите. Мажените жени го нанесуваат секојдневно, додека вдовиците не.
Red sindoor embodies Shakti-divine feminine power. Worn at the hair-parting (ajna chakra), it ignites intuition, strength & spiritual clarity. A sacred mark of energy, wisdom & connection to the Goddess within. 🔥 pic.twitter.com/u6iYY5pmKy
— Arpit Gupta (@ag_arpit1) April 1, 2025
Целта е да се хуманизираат жртвите од терористичкиот напад
За време на терористичкиот напад во Пахалгам неколку жени ги загубија своите сопрузи кои беа убиени пред нив. По нападот, фотографија од жена која седи во шок покрај телото на својот сопруг стана вирална на социјалните мрежи во Индија. Сцената стана симбол на терористичкиот напад, во кој загинаа 26 лица.
Жената на фотографијата е Химанши Нарвал. Таа била во брак со 26-годишниот поморски офицер Винај Нарвал помалку од една недела. Двојката била на меден месец кога Винај бил убиен.
Индиските медиуми известуваат дека изворот тврди оти името на „Синдор“ има за цел да ги хуманизира жртвите и да се осигури дека нивната жртва нема да биде заборавена.
#PahalgamTerrorAttack
— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) May 6, 2025
Justice is Served.
Jai Hind! pic.twitter.com/Aruatj6OfA
По нападот, индиската армија објави на социјалната мрежа Икс:
„Правдата е задоволена. Да живее Индија!“