Оттаму велат дека обвинетиот преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб-портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ-заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуалната ориентација
Жител на Демир Капија е обвинет за ширење расистички и ксенофобични коментари на социјалните мрежи кон ЛГБТИ-заедницата, соопшти денеска Јавното обвинителство.
„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик“,
соопштија од Обвинителството.
Оттаму велат дека обвинетиот преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб-портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ-заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуалната ориентација.
„Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ-заедницата“,
соопшти Обвинителството.