Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска, 43 минути по полноќ, на 71 километар југозападно од главниот град, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот, како што се соопштува, потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Потресот бил почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија.