Досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје велат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во околината на Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што информираат оттаму, земјотресот бил регистриран во 3:59 часот на 115 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 19 километри североисточно од Подградец во Република Албанија, на длабочина од пет километри.
Досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје велат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Инаку, вчера земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава.