Во американскиот Конгрес има силна поддршка за итна воена и хуманитарна помош за Украина од 10 милијарди долари
Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика Соединетите Држави за помош за воспоставување зона на забранети летови над Украина за време на зум-средбата со американските пратеници, јави Си-Ен-Ен.
Зеленски побара од американските сенатори поголеми санкции кон Русија, вклучително и за енергетиката и поголема воена помош.
Тој им се заблагодари на САД за досегашната поддршка, но порача дека на неговата земја и треба поголема помош против руската инвазија.
Зеленски во денешниот видеоразговор со американските конгресмени побара и да ѝ се испратат авиони на Украина, реќе лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Тој постојано повикува да се воведе забрана за летање над Украина, што САД и НАТО го одбиваат, стравувајќи од многу поширок конфликт.
САД му ветија воена помош на Зеленски, кој упати очајнички апел до европските држави да ѝ обезбедат руски авиони на Украина.
„Тие авиони им се многу потребни. И ќе сторам сè да ѝ помогнам на администрацијата да се олесни тој трансфер“,
кажа Шумер.
Во американскиот Конгрес контролиран од демократите, има силна двопартиска поддршка за итна воена и хуманитарна помош за Украина од 10 милијарди долари.