Секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот, рече Путин
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните санкции против Русија се слични на објавување војна. Тој ја бранеше руската инвазија врз Украина, велејќи дека Москва треба да ги брани оние што зборуваат руски во источна Украина, како и нејзините интереси.
„Овие санкции што се воведуваат се слични на објавување војна, но фала Богу тоа не се случи“,
рече Путин.
Тој изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот.
„Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за време на состанокот со вработените во Аерофлот“,
јави АФП, пренесува НДТВ.
Путин додаде дека воведувањето зона на забранети летови ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“
Тој рече дека сè се одвива според планот во Украина и дека руската армија ќе ги исполни своите цели како дел од специјалната воена операција.