Додека Израел ја осуди руската инвазија во коментарите на министерот за надворешни работи Јаир Лапид, Бенет избегна директна критика на Русија или Путин
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на израелски официјален претставник.
„Ненајавената средба се одржа со благослов на американската администрација“,
се вели во соопштението на Кабинетот на израелскиот премиер.
Како што пишува Си-Ен-Ен, израелскиот претставник рече дека дипломатското поттурнување на Бенет било координирано со Германија и Франција и додаде дека израелскиот лидер „е во тековен дијалог со Украина“.
По завршувањето на состанокот во Москва кој траел три часа, Бенет сега е на пат за Берлин на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, рече израелскиот претставник.
Пред три дена, Бенет одржа одвоени телефонски разговори и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски апелираше до Израел да посредува во напорите да се постигне прекин на огнот.
Додека Израел ја осуди руската инвазија во коментарите на министерот за надворешни работи Јаир Лапид, самиот Бенет избегна директна критика на Русија или Путин.