Жената, која е во најтешка состојба и е поставена на апарат за дишење, има и други хронични заболувања
Жената заразена со коронавирус, чија здравствена состојба е влошена во последните часови, е на 66-годишна возраст.
Таа има и други хронични заболувања – зголемен крвен притисок (хипертензија) и проблеми со срцето (кардиомиопатија). Оваа пациентка е поставена на вештачка вентилација и нејзината состојба е најтешка во споредба со другите хоспитализирани.
Уште тројца заразени со коронавирус, кои се згрижени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, добиваат поддршка при дишењето – кислород преку маска. Тие дишат сами, но проценките се дека асистенцијата со кислород помага во процесот на нивно лекување.
Освен овие четворица, во изолираниот дел на Клиниката за инфективни болести има уште деветмина пациенти, од кои жената што беше првозаразена во земјава, е излечена и в понеделник ќе биде пуштена дома. Четворица новозаразени попладнето беа донесени од Дебар.
Во Македонија досега се регистрирани 13 случаи на коронавирус – 11 од регионот на Дебар и Центар Жупа и два од Скопје.
Се очекуваат резултатите од новотестираните денеска.
*поврзани вести
(ГАЛЕРИЈА) Дебрани дома, улиците празни, мерките се почитуваат
(ФОТОВЕСТ) Строга контрола на пунктот пред Дебар, камион вратен назад