Денешното приведување на заканувачот Емил Јакимовски е поради пријава од вчера за семејно насилство, потврдуваат од МВР за „360 степени“.
„Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржано за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје“,
велат од МВР.
Јакимовски во полиција веќе има пријави и за закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска за кои Јакимовски во средата беше повикан на распит во полициска станица.
На закани од него, кои од претходно се пријавени во МВР, се пожалија и директорката на Централниот регистар, Марија Јанковска-Бошковски и други вработени.
Јакимовски беше вработен во оваа институција, а во неделата доби отказ поради нарушување на угледот на институцијата.
Тогаш беше хакирана и фејсбук-страницата на Централнииот регистар, од каде што објавија дека се сомневаат дека зад тоа стои токму Јакимовски, кој ја креирал страницата уште пред 10 години кога бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.
*Поврзани вести:
Заканувачот Емил Јакимовски доби отказ од Централниот регистар
Јакимовски се заканувал и на уредничка во Алфа, ССНМ реагира
Хакирана фејсбук-страната на Централниот регистар – сомнежи дека хакерот е заканувачот Јакимовски
Чулев: Ќе настојувам да се расветлат сите закани и насилства кон новинарите