Момчето почина на Клиничкиот центар во Скопје, каде бил препратен од болницата во Гевгелија поради сериозноста на повредите
По здобиени тешки телесни повреди од пад од зграда во изградба во Гевгелија, денеска почина дваесет и едногодишен жител на кумановското село Орашац, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Момчето почина на Клиничкиот центар во Скопје, каде бил препратен од болницата во Гевгелија поради сериозноста на повредите.
„Денеска во полициската станица во Гевгелија е пријавено дека при извршување на градежни работи на зграда во изградба на булевар ‘Гевгелија‘ во Гевгелија, Б. Б. (21) паднал и се здобил со тешки телесни повреди“,
се вели во соопштението на МВР.
Увид на местото изврши инспектор од Државниот трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија, а за настанот е запознаен и јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.