Ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани, најавува премиерот
Во врска со уапсените македонските дипломати во соседна Србија, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека македонските власти ќе постапат согласно сите меѓународни договори што сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но оти ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани.
За дипломатите, додека не ги побара некоја земја, важат истите права како и за секој граѓанин. Ние навистина не можеме да преземеме какви било дејствија за наш граѓанин ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР, работат и дома и во нашите мисии, односно амбасади. Одреден период се надвор, одреден период се дома“,
рече Заев.
Премиерот рече дека не ги знае сите детали за случајот, освен што прочитал дека тој датира од 2018 година.
„Нормално дека земја, која е развиена демократија, ги почитува меѓународните договори и клаузули. Ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин и сакаме да дополнително да ги дознаеме сите правни акти. Затоа што пред сè сме должни да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право“,
рече Заев.