За фаворит на изборите се смета поранешниот претседател Румен Радев со новоформираната партија „Прогресивна Бугарија“, која води на предизборните анкети
Изборен ден во Бугарија – се гласа по осми пат на парламентарни избори во последните пет години. Гласачките места се отворени од 7 часот и според првичните информации од Централната изборна комисија, гласањето тече мирно, додека на неколку места се регистрирани технички проблеми околу гласачките уреди.
Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи.
Бугарија гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, а изборите се важни, бидејќи се очекува да донесат стабилност по политичката криза во земјата од 2021 година.

За фаворит на изборите се смета поранешниот претседател Румен Радев со новоформираната партија „Прогресивна Бугарија“, кој води на предизборните анкети. Според истражувањето на „Алфа рисрч“ Радев има предност од 34,2 отсто, додека зад него е ГЕРБ-СДС со 19,5 отсто. Следни на листата се ПП-ДБ со 11,6 осто и ДПС со 9,4 отсто од анкетираните гласачи.
