Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој наместа ќе надминува 80 километри на час
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со утринска магла во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.
Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој наместа ќе надминува 80 километри на час.
Во сабота наместа се можни и ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер, повремено засилен долж Повардарието.
Во недела ќе има сончеви периоди, но и услови за утринска магла по одделни котлини. Температурите ќе бидат во опаѓање, па утринските ќе се спуштат до еден степен.
