Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Сега Заев има рок од 20 дена да се обиде да обезбеди мнозинство, односно да достави до Собранието предлог-состав и програма за работа на нова влада.
„Имаме задача да составиме предлог за програма и за кадри кои демократското мнозинство во Собранието ќе ги изгласа и ќе додели полн, четиригодишен мандат за стабилна влада, која ќе е подготвена да служи, ослободена од какви било етничка предрасуда или национализми. Пред македoнското Собрание ќе испорачам предлог за влада составен од одговорни и отчетни кадри, кои силно ќе се борат со криминалот и корупцијата, а особено ќе се посвети на прочистување на правосдуството и проверка на имотот на секој функционер“,
изјави Заев по добиениот мандат.
Тој уверува дека Северна Македонија ќе добие Влада која ќе го следи европскиот пат.