Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за жртвите од силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска. Тој, на „твитер“ напиша дека Северна Македонија е подготвена да пружи помош согласно потребите.
„Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пленковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.