Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека не очекува интервенции во Предлог-преговарачката рамка за членство во ЕУ, која е веќе на маса.
Тој повтори дека за земјата останува обврската да ги спроведе договорите со Бугарија и Грција.
„Нормално е дека во Преамбулата стојат и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, затоа што тоа е преземена обврска од наша страна да се реализира до крај низ годините пред нас. Секако Европската Комисија која е репрезент на сите земји – членки на ЕУ усвои преговарачка рампа и ја задолжи нашата земја и целото европско законодавство да го преведе на македонскиот јазик. Тоа за мене е голема работа, којашто уште еднаш значи признавање на нашиот идентитет нашиот македонски јазик. Македонската комисија, земјите членки на ЕУ, ова е почетокот на официјализирање на македонскиот јазик во службен јазик на ЕУ, со којашто се стекнуваме со полноправното членство“,
рече Заев во изјава за медиумите во Велес.
Лидерот на СДСМ потенцираше дека нашиот јазик ќе се изучува во библиотеките на главните градови на европските држави.
„Тоа само по себе значи распламтување на македонскиот оган кој што ќе биде како и сите посебни нации и идентитети дополнително потврден и валоризиран рамноправно еднакво како што Европа знае да го направи“,
потенцира Заев.
*Поврзани вести:
Европската комисија ја усвои Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија
Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија
Објавен документот со кој македонскиот се промовира во иден официјален јазик на ЕУ
Македонскиот јазик во документите на ЕУ: Исчезна во 2006, се враќа во 2020 година
Заев: Предлог-преговарачката рамка е уште едно признание за македонскиот јазик
Спасовски и Димитров: За три години ги одблокиравме стратегиските цели на земјата
Османи: Финалниот текст на преговарачката рамка го очекуваме до октомври
Жбогар не очекува изненадувања во финалната верзија на преговарачката рамка
Димитров VS Силјановска: Што значи преговарачката рамка и споменувањето на македонскиот јазик