Очекуваме до октомври да биде прифатен финалниот текст на преговарачката рамка, изјави денеска Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања, по повод изготвувањето на нацрт-верзијата на преговарачката рамка за преговорите на земјава со ЕУ.
„Добро е што ова се случува во време на претседателствувањето со ЕУ на Германија, која е голем поддржувач на нашиот европски пат“,
рече Османи.
Се работи за нацрт-верзија, посочи тој, што е основа врз која земјите членки ќе ги изнесат своите национални ставови и потоа рамката ќе се носи со консензус.
„Потоа се очекува да биде закажана и заедничка меѓувладина седница“,
истакна Османи.
Османи појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизам да го препознае и намали пристапот до ЕУ-фондовите доколку има застој.
На крајот, Османи уште еднаш упати честитки за постигнатиот историски успех.
„Јасно е дека ЕУ и покрај предизвиците со корона-кризата не го замрзна процесот на проширување. Честитки до Оливер Вархеји и Урсула фон дер Лајен, но и на хрватското претседателство. Ние сме во средина на политичка кампања и се надевам дека по 15 јули ќе имаме стабилна влада посветена на европскиот пат“,
истакна Османи.