Според УХМР, од вторник до крајот на работната недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во главниот град времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Според УХМР, од вторник до крајот на работната недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните ќе бидат во опаѓање.