Се очекува релативно топло време со максималнати температури од 19 до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со максималнати температури од 19 до 25 степени. Ќе дува слаб и умерен ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 24 степени, информира УХМР.
Периодот на стабилно, претежно сончево и топло време ќе продолжи и во наредните денови.