Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се движи од 4 до 19 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд, информираат од УХМР.
Минмалните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 Целзиусови степени, а максималните од 11 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се движи од 4 до 19 Целзиусови степени.
Утре не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат насекаде.