Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот нè очекува сончево време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе изнесува 11 степени
Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и релативно топло особено во во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот нè очекува сончево време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе изнесува 11 степени.
Времето во следните три дена, исто така, се очекува да биде релативно топло за овој период од годината.