Во утринските часови температурата ќе биде од -2 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 10 до 16 степени
Денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло. Наутро понекаде во котлините особено во западните делови и вдолж Повардарието ќе има магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во утринските часови температурата ќе биде од -2 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 10 до 16 степени.
Во Скопје во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, а наутро ќе има услови за слаба магла. Претпладне ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 0 степени, а максималната во текот на денот ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.
Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со релативно повисоки температури особено на планините. Наутро во котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје преку денот времето ќе биде претежно сончево, наутро ќе има слаба магла, а ќе дува и слаб претежно јужен ветер. Температурата утре, во текот на денот, ќе биде до 16 Целзиусови степени.