Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави проширување на мрежата со поставување нови јавни чешми на неколку фреквентни локации во главниот град
Повеќе од 220 фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција на подрачјето на Скопје, информира денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи.

Ѓорѓиевски вели дека обновените чешми ќе им бидат од корист на сите категории на граѓани кои секојдневно се движат низ градот. Покрај целосната санација на постојната инфраструктура, градоначалникот најави и проширување на мрежата со поставување нови јавни чешми на неколку фреквентни локации во главниот град.
„Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП ’Водовод и канализација’ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода“,
наведе Ѓорѓиевски, додавајќи дека обезбедувањето на основните услови за граѓаните е приоритет, особено во летниот период кога високите температури ја зголемуваат потребата од јавно достапна вода за пиење.
