Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните три дена не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Темпераурите ќе се движат од 32 до 40 степени

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 31 до 40 степени. Во Скопје ќе имаме слично време – сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец и температура до 37 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните три дена не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Темпераурите ќе се движат од 32 до 40 степени.
Како што минатата недела информираше УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот оваа седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени.
По ваквите најави, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита од екстремно топлото време. Меѓу препораките се избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и многу студени пијалаци.
Владата, пак, прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба почна на 1 август и ќе трае до крајот на месецот.
