Од вкупно девет лица кои се запишани во Избирачкиот список, а се на издржување на казна затвор или притвор, своето право на глас го оствариле седуммина
Пред утрешните предвремени избори за градоначалник во Општина Брвеница, денеска гласаа болните и изнемоштени лица, како и затворениците и лицата што издржуваат мерка притвор.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно регистрирани 88 болни или немоќни, своето право на глас го остварили 85 лица. Од вкупно девет лица запишани во Избирачкиот список, а се на издржување на казна затвор или притвор, своето право на глас го оствариле седуммина.
Од ДИК информираат дека гласањето на овие лица се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на државава, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.
Во Брвеница утре се одржуваат предвремени избори на кои жителите ќе гласаат за избор на нов градоначалник откако на 23 јуни годинава почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски, на 58-годишна возраст.
