Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), променливото облачно време со сончеви периоди во текот на денот се очекува да задржи до крајот на оваа работна седмица и почетокот на викендот
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од четири од 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време – променливо облачно со сончеви период и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), променливото облачно време со сончеви периоди во текот на денот се очекува да задржи до крајот на оваа работна седмица и почетокот на викендот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
„Локално процесите, ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, наместа и над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер, кој на одделни места ќе дува со брзина и на 50 километри на час“,
велат од УХМР.
