Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а максималната температура ќе биде од 13 до 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа вдолж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен со брзина од над 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од минус 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 18 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 степени наутро до 14 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде од 13 до 20 степени.
Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд
