Метеоролозите прогнозираат и дека во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму велат дека ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.
„Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени“,
информираат од УХМР.
УХМР соопштува и дека за време на викендот ќе дува засилен јужен ветер кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови со брзина од над 60 км/час.
„Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник и ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи“,
велат од УХМР.
Метеоролозите прогнозираат и дека во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.