Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13 степени, а максималната од 13 до 23 степени
Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денеска. Услови за повремен локален дожд ќе има претежно во крајните западни и источни региони. Според најавите од УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, наместа со брзина од над 60 километри на час.
Мининалната темепратурата ќе се спушти од три до 13 степени, а максималната се очекува да биде од 13 до 23 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде седум, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од УХМР информираат дека во текот на работната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со сончеви периоди.
„Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник и кон крајот на седмицата“,
соопшти УХМР.
