Утре локално ќе има слаб дожд, додека во четврток се очекува нестабилно време со поројни врнежи и ретки грмежи. До петок ќе дува засилен југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 километри на час
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
„Минималната температура ќе се движи од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 23 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен југоисточен ветер.
„Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 22 степени“,
соопштија од Управата.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.
Утре локално ќе има слаб дожд, додека во четврток се очекува нестабилно време со поројни врнежи и ретки грмежи. До петок ќе дува засилен југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
За време на викендот, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе биде со умерен интензитет.
