Од „Европскиот фронт“, прашани дали ќе го поддржат Гаши за собраниски спикер, одговорија дека пратеничката група ќе има средба и ќе заземат став
Од коалицијата „Вреди“, која ќе биде дел од новиот владин состав и чиј кандидат Африм Гаши е претендент да стане собраниски спикер, очекуваат поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ) при неговиот избор.
Пред конститутивната седница на Собранието, Ријад Шаќири од коалицијата „Вреди“ рече дека природата на нештата покажува дека опозицијата секогаш гласала против изборите на мнозинството, но и покрај тоа сега очекуваат поддршка од ДУИ.
„Природата на нештата покажа дека опозицијата секогаш гласала против изборите на мнозинството. Но, во случајов, кога ние како Алијанса бевме дел од Собранието, кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, ние дадовме поддршка, затоа што се работеше за претседател на Собрание, првпат Албанец, и очекуваме од нивна страна да има таква поддршка“,
рече Шаќири.
Претходно во Собранието влезе Елми Азири од „Европскиот фронт“, кој не одговори дали ќе го поддржат Гаши.
„Сега ќе се сретнеме со пратеничката група и ќе заземеме став“,
рече тој.
Од „Вреди“ денеска преку соопштение информираа дека работните групи од нивната коалиција, за која велат дека легитимен претставник на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, како победничка партија, во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршиле процесот на интегрирање на изборните програми и постигнале договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши.
„Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе добиеме европски
се наведува во соопштението од „Вреди“.
ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните“,
Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.
Во тек е седницата на Верификациската комисија која ќе го разгледува извештајот на Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај.
На дневен ред се четири точки – избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.
Според новиот Деловник за работа на законодавниот дом, конститутивната седница може да трае најмногу три дена, а завршува со изборот на претседател на Собранието.