За овој случај, пред две недели СДСМ обвини дека од ВМРО-ДПМНЕ, која ја презема локалната власт во Гази Баба на последните локални избори, незаконски ја разрешиле. Според обвинувањата на социјалдемократите, градоначалникот Стефковски незаконски назначил ревизор кој извршил ревизија во градинката, а врз основа на истиот потоа ја разрешил и директорката
Разрешената директорката на градинката „Детска радост“ во Гази Баба, околу чие разрешување имаше политички расправии помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, повторно е вратена на работа, соопштија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
„Постапувајќи по укажување на Министерството за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска. Односно ја поништи претходно донесената одлука за разрешување на директорот на установата и го поништи решението за именување на вршител на должноста директор на установата“,
соопштија од МТСП.
За овој случај, пред две недели СДСМ обвини дека од ВМРО-ДПМНЕ, која ја презема локалната власт во Гази Баба на последните локални избори, незаконски ја разрешиле. Според обвинувањата на социјалдемократите, градоначалникот Стефковски незаконски назначил ревизор кој извршил ревизија во градинката, а врз основа на истиот потоа ја разрешил и директорката.
„Спротивно на законот, градоначалникот на Општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров. Станува збор за Добри Петров, назначен за в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ’Гази Баба‘. Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб-страницата на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. Со ова прекршен е член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола“,
обвинија од СДСМ за ревизорските активности на локалните власти во оваа скопска општина.
Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека немало незаконитости и ги потсетија социјалдемократите дека истиот ревизор доставувал ревизорски извештаи и на претходниот градоначалник, Борис Георгиевски од СДСМ.