Холандски државјанин е спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе,соопштуваат од РЦУК Гостивар
Возило се излизгало на регионалниот пат од Галичник кон Лазарополе. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гостивар станува збор за возило во кое бил холандски државјанин и кој од местото на настанот е извлечен од без повреди и е пренесен во Маврово.
Од РЦУК велат дека сообраќајката се случила вчера доцна попладне, по што од Полициската станица во Маврово и Националниот парк Маврово се упатиле кон местото на инцидентот и странскиот државјанин е спасен.
„Холандски државјанин е спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе“,
соопштуваат од РЦУК Гостивар.