Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи сè уште во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава поради пандемијата со коронавирусот, апелира Министерството за транспорт и врски.
„Сакаме да потенцираме дека сè уште важи одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот ’Св. Апостол Павле’ во Охрид. Тоа значи дека сè додека не се донесе друга одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитарни и карго летови без патници“,
пишува во соопштението од Министерството.
Во моментов, велат оттаму, не може да се предвиди кога повторно ќе се нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.