Возачот бил фатен во Општина Илинден за време на засилена акциска контрола на полицијата насочена токму кон откривање на пијани возачи

Возач во текот на изминатата ноќ е фатен со дури 4,14 промили алкохол, соопшти МВР.
Тој бил фатен во Општина Илинден за време на засилена акциска контрола што скопската полиција ја спроведувала токму за откривање на пијани возачи.
Од МНР најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.