Здружението на педијатри на Србија минатата недела препорача одложување на почетокот на второто полугодие за две недели, а доколку се одлучи за настава, таа да биде онлајн
Училишниот тим во Србија одлучи од понеделник, 24 јануари, учениците од прво до четврто одделение од основните училишта наставата да ја следат со физичко присуство, додека учениците од петто до осмо одделение по комбиниран модел и ќе одат на училиште преку еден ден, поделени во две групи. За средношколците наставата ќе се одвива по комбиниран модел.
„Оваа одлука ја донесовме по детална анализа на сите параметри и податоци на надлежните институции. Во моментов ова е најдоброто решение и за учениците и за вработените. Важно е да го одржиме континуитетот на наставниот процес, секако со почитување на сите епидемиолошки мерки“,
рече министерот за образование Бранко Ружиќ, додавајќи дека училишниот тим како и досега ќе ја следи состојбата и ќе носи одлуки на неделно ниво.
Училишниот тим апелира и очекува учениците и училишниот персонал, како и родителите на учениците, доследно да применуваат мерки за лична заштита од инфекција и на училиште и надвор од училиште.
За време на престојот во училиштето, од моментот на влегување во училишниот двор до излегување од училишниот двор, употребата на заштитни маски е задолжителна за сите вработени, ученици и трети лица, се наведува во соопштението.
Исто така, потребно е зајакнување на мерките за општа и лична хигиена (миење раце и дезинфекција), а особено да се води сметка за редовно проветрување на сите простории во кои престојуваат ученици и вработени во училиштето.
Особено е важно да се избегнуваат масовни собири внатре и на отворено, особено доколку за време на собирите не се применуваат пропишаните мерки за лична заштита.
Според податоците од надзорот преземени од електронскиот систем „Служба за јавно здравје“ доставен до Министерството за образование, наука и технолошки развој од Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ во неделата од 12 до 19 јануари 2022 година, број на болни деца на училишна возраст пПомеѓу 6 и 18 години, имало 3 074 (0,4 проценти). Учеството на деца на училишна возраст во вкупниот број потврдени случаи на ковид-19 во истиот период изнесува 2,8 отсто.
Здружението на педијатри на Србија минатата недела препорача одложување на почетокот на второто полугодие за две недели, а доколку се одлучи за настава, таа да биде онлајн, со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и карактеристиките на сојот омикрон кој се шири многу побрзо и сѐ повеќе меѓу заразените има деца.